vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите хоспитализирани вкупно 1348 пациенти

ECA

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид – центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts