vesti24.mk
ВЕСТИ

Во Косово додека се прави скрининг на наставниците за Ковид-19, Заев вели нема потреба во Македонија

ECA

Над 1.500 наставници низ Косово ќе бидат тестирани за коронавирус, пред да започне учебната година на 14 септември, објави министерот за образование и наука во Владата на Косово, Раме Ликај.

-Ние добивме информација дека 1.500 наставници ќе бидат тестирани на Косово, што е над 6,5 проценти од вкупниот број наставници, со цел да се знае состојбата на инфекцијата или состојбата во која влегуваме во новата учебна година. Тестирањето започна, пренесува Алсат телевизија.

Министерот Ликај и претседателот на Обединетиот синдикат за образование, наука и култура, Рахман Јашари ја повторија одлуката дека новата учебна 2020-2021 година, во време на пандемија, ќе започне на 14 септември, со почитување на препораките на здравствените установи за заштита од КОВИД-19, предизвикана од новиот корона вирус.

За разлика од Косово, кај нас утре се се отвараат градинките, а при тоа нема да се направат тестирања за корона вирусот на лицата кои треба да се грижат за намалите дечиња.
Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена рече дека во Македонија нема да се направи скрининг на вработените во градинките и училиштата. Но, кога се најавуваа дека градинките ќе почната со работа во јуни месец, во мај се спроведуваше масовен скрининг на вработените во овие институции низ целата држава.
За разлика од тогаш, сега на стартот на почетокот на учебнаат година кога градинките и училиштата треба да ги отворат вратите за да ги примат децата, на власта смета дека нема потреба од тестирање на вработените, како потенцијални носители на вирусот корона.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts