vesti24.mk
ВЕСТИ

Во македонските болници се лекуваат вкупно 326 пациенти со коронавирус

ECA

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 20, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 6, во Кичево 8, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 560 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts