vesti24.mk
ВЕСТИ

Во Скопје казнети 224 возачи, 20 останале без возачка дозвола

ECA

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 7 за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 58 за прекршоци што ги чинат пешаците, 54 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts