vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Вработен во МВР позитивен на коронавирусот

ECA

Информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на коронавирусот – Ковит 19, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5.

-Веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил, истакна Чулев.

Министерот информираше дека Меѓународната полициска асоцијација во нашата држава на полицајците им поделила заштитна опрема и средства за дезинфекција. Чулев додаде дека МВР распишало тендер по скратена постапка за набавка на заштитна опрема.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts