vesti24.mk
ЗАБАВА

Вртоглава сума: Најскапата овца во светот (ВИДЕО)

ECA

На аукција во Шкотска за една овца е платено 490 илјади долари. Овцата наречена Двоен дијамант беше продадена за близу 500 илјади долари, што ја прави најскапата овца во светот.

Токму овој вид на овца е особено ценета во шкотскиот град Ланарк, пишува Си-Ен-Ен.

Првично биле понудени околу 13 илјади долари, за трите фарми да се договорат да го споделат вредното јагне меѓу себе. Во смисла дека тие ќе ги користат за репродукција.

-Тоа е како и секој друг бизнис – трка со коњи или работа со стока, изјави џеф Аикен за Гардијан, еден од новите сопственици на овци.

-Вчера се појави многу посебен вид на тексел овца ,изјави тој и додаде: „Секој сакаше дел од неа“.
„Double Diamond“ го сруши претходниот рекорд поставен во 2009 година, кога овците беа продадени за нешто повеќе од 307 илјади долари.

Видео: Universal Information & Entertainment TV

извор:курир.мк

Loading...

Related posts