vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

ГИ ВРАТИЈА ИСЕЛЕНИТЕ ПА СЕ СКРАСИЈА ВО СТРАНСТВО: По Тевдовски и неговиот екс советник Јовановиќ замина од Македонија

ECA

Економистот Бранимир Јовановиќ, кој беше советник на екс министерот за финансии Драган Тевдовски, пред неколку дена се пресели во Виена, каде ќе работи како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

-Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…, практично цела Источна Европа – рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77.

На забелешката на новинарот тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена (Тевдовски неодамна се пресели во Вашингтон), Јовановиќ одговори:

-Било што било, треба да гледаме напред. Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред. Јас се фокусирам на мојата нова работа. Не мислам дека целосно се тргам од Македонија, мислам дека од оваа позиција тука можам да бидам корисен и не го сфаќам ова фаталистички дека сум разочаран од случувањата во Македонија, па кревам раце и се тргам на страна. Не, ова јас го гледам чисто професионално, одам на подобра позиција од која ќе се потрудам да дадам придонес за општествениот развој и во државата од која доаѓам.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts