vesti24.mk
ЗАБАВА

Ги има само пет на целиот свет: Кај брегот на Алјаска снимен бел кит убиец (ВИДЕО)

ECA

Во близина на брегот на Алјаска е снимен бел кит убиец. Овој мажјак, како што се верува, е еден од само пет, колку што ги има на светот.

Китот бил снимен на 7-ми август како плива со уште неколку орка китови, а се верува дека е стар само две години. Китот, кој е наречен Тлук, е снимен западно од Петерсбург.

“Први ги забележавме перките. Меѓутоа, кога китот повторно ќе нурне е тешко да се следи, но тоа сега не беше случај. Додека другите орки беа невидливи, тој блескаше и на десет метри длабочина”, рекол сопственикот на бродот “Sea Adventures”, кој водел тура кога наишле на реткиот морски убавец.


Белите китови се многу ретки, а кожата име бела поради ретката состојба која се нарекува леуцизам, поради што клетките на кожата ја губат пигментацијата. Многумина оваа состојба погрешно ја споредуваат со албинизам, во кој доаѓа до целосна загуба на пигментот, вклучувајќи ги и очите.

Се верува дека на светот постојат само пет вакви единки, а експертите се надеваат дека ги има барем уште толку, но дека никогаш не биле видени.

Снимката од овој необичен убавец ја направила Стефани Хејес, и истата ја поставила на својот профил на Инстаграм.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts