vesti24.mk
ЗАБАВА

ГОЛЕМА Е КОЛКУ ЈУПИТЕР: Откриена е планета за која се мислеше дека не постои!

ECA

Откривањето на планета за која научниците веруваа дека не може да постои може да доведе до промена на популарното мислење за тоа како се формираат нови светови, пред се како се формираат и развиваат гасни гиганти, односно планети од типот на Јупитер.

Научниците велат дека планетата, официјално именувана како WASP-107b, или позната и како „super-puff“, е многу пониска по густина отколку што се сметаше дека е можно за планети од овој тип, пишува Independent.

Станува збор за планета со големина многу приближна до Јупитер, но со густина дури 10 пати помала, што ги натера истражувачите да ја споредат планетата со шеќерна волна.

-Ова откритие се однесува на самите основи за тоа како се формираат и растат гигантски планети. Даден ни е конкретен доказ дека масовната акумулација на гасната обвивка може да се активира за јадра што се со далеку помала маса отколку што мислевме, вели Бјорн Бенеке од Универзитетот во Монтреал.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts