vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Голем есенски хороскоп- овој знак го очекува голема животна одлука, додека овој знак го очекува зголемени приходи

ECA

На многу знаци, есента ќе им донесе зголемени приходи, а на други пак други дарови од универзумот.

Овен

Љубов –  на полето на љубовта ви доаѓаат позитивни вести. Во текот на октомври, Марс ви носи силна еротска енергија, страст и пријатни авантури. Оние кои се во врска ќе доживеат ново ниво на љубов во врската, додека пак слободните претставници на овој знак ќе запознаат нова личност. Сепак, можни се мали проблеми особено на почетокот, па ќе биде важно да верувате во себеси.

Работа – Јупитер и Сатурн нема да ви дозволат да ги остварите своите најголеми амбиции. Ако посакувате поддршка од надредените за некој проект, ќе морате да ја почекате зимата. Ќе ви биде тешко да ги совладате финансиските препреки, но ќе успеете во тоа. Уран во вашата втора астролошка куќа ви носи економски потреси и големи трошоци. Одложете го купувањето или продажбата на недвижности.

Здравје – насочете ја својата енергија кон градење здрави навики. Бидете особено внимателни околу исхраната и започнете со физички активности кои ќе ви годат.

Бик

Љубов – Љубовта ќе ви донесе магични ситуации оваа есен. За оние во врска, можни се мали проблеми во односот со саканата личност, но со помош на позитивниот аспект на Венера ќе успеете да ги решите сите дилеми и да направите нови планови. Јупитер на сите Бикови им носи големи промени на ова поле, па за многу од родените во овој знак доаѓаат веридби, брак, заеднички живот, раѓање дете. Исто така, Сатурн им носи среќа на Биковите кои не се во врска, носејќи им личност со која љубовта ќе трае долги години.

Работа – на ова поле, планетите ви носат сјајни можности и пари. Венера и Марс придонесуваат кон вашиот професионален развој и ќе ви помогнат да ги остварите своите цели. Ако во текот на претходните години сте сонувале за сопствен бизнис, сега ова е прилика за нови потфати. Ве очекува убава енергија во однос на потпишување на некој договор, професионална соработка и купување недвижности.

Здравје – на ова поле ве очекува зголемена енергија, како и внатрешен спокој, кој ќе го подобри вашето севкупно здравје.

Близнаци

Љубов – Венера ви носи поволни ситуации дури во ноември, па во меѓувреме ве очекува турбулентен период. Можни се средби со некои љубови од минатото, што значајно ќе влијае на вашиот живот. Октомври, ноември и декември се месеци кога ќе имате неверојатна харизма и ќе освојувате многу луѓе околу себе. Можно е оваа есен да ја сретнете својата сродна душа.

Работа – на ова поле можни се проблеми за оние Близнаци кои бараат нова работа. Ве очекуваат компликации при започнувањето нов бизнис, потпишување договор, а особено внимавајте во оние ситуации кога вложувате пари. Најдобар период за службени патувања е октомври.

Здравје – Ве очекува силна физичка енергија, но и ризик од лоши навики, нездрава исхрана и вишок килограми. Ѕвездите препорачуваат да се занимавате со спорт и тоа поинтензивно во текот на есента и зимата. Ново хоби може да ви донесе мир и позитивна енергија.

Рак

Љубов – Октомври носи силни чувства за родените во овој знак. Ова е особено корисен период за оние кои имаат планови за иднината и кои сакаат да го подобрат својот љубовен живот. Ќе успеете да решите различни непријатни ситуации. Слободните Ракови ги очекуваат нови можности за запознавање со една личност која ќе ви го украде срцето. Од друга страна пак, Марс носи мали проблеми во однос на сексуалната енергија. Ќе ви биде тешко да се опуштите и да ја покажете страста.

Работа – Положбата на Јупитер и Сатурн не ви носи добри вести на ова поле. Скоро сите проекти ќе бидат тешки за изведба, но добро е тоа што ќе најдете колеги кои ќе ви помогнат за реализација на вашите идеи. Вложувањето пари во нова работа не е препорачливо. Бидете особено внимателни поради грешките во комуникацијата. За жал, некои Ракови ќе добијат отказ или ќе посакаат да ја променат работата поради незадоволство. Можни се и неочекувани трошоци.

Здравје – Пад на енергијата. Земајте витамини.

Лав

Љубов –  Ве очекува позитивна енергија во љубовта благодарение на Венера. Можно е да решите одредена криза во бракот или врската која трае некое време. Сега имате можност да ја зацврстите врската и да внесете новини. Осамените срца ќе посакаат да се вратат на некоја стара љубов, но бидете особено внимателни пред да направите чекор наназад. Марс ги зголемува страстите и моќта на заведување. Ако го отворите срцето и заборавите на минатото, можно е да пронајдете нова љубов.

Работа – Ве очекува монотона фаза на работа, што ќе ви ја разбуди потребата за промени. Резултатите кои ги постигнавте во минатото се добри, но вие сакате да се истакнете пред надредените и колегите. Не ви недостасува енергија, туку ви недостасува разбирање од околината. Ако размислувате за вложување пари со други луѓе, бидете внимателни во процената. Продолжете да учите и да се развивате.

Здравје – Здравјето ви е добро, само потребен ви баланс меѓу умот и телото. Јогата е вистинскиот избор за вас или пак одењето на планина.

Девица

Љубов – Венера ви носи силна желба за заљубување, па затоа потрудете се да запознаете нови луѓе на нови места. Постои голема можност да започнете нова приказна. Јупитер ви носи посебна енергија особено во однос на заеднички живот, планирање на семејството и венчавка. Ќе бидете неверојатно шармантни, а конечно ќе го ослободите срцето од предрасуди и стеги. Не се плашете од љубовта, препуштете се на нејзината енергија.

Работа – На полето на кариерата, ве очекуваат поволни планети, особено Сатурн и Јупитер кои ви носат шанса да ја остварите посакуваната цел на работното место. Ако имате нова идеја или желба да започнете нов проект, веќе во првите денови од октомври ќе успеете во тоа. Можно е зголемување на приходите, добри договори и нови соработки, како и опоравување од досегашниот период. Ве следи добра енергија кога се во прашање финансиските вложувања. Јупитер ви носи многу можности за промена на начинот на живеење, во однос на кариерата.

Здравје – внимавајте на начинот на исхрана, можен е зголемен ризик од дебелеење.

Вага

Љубов – Октомври е најубав месец за љубовта за родените во овој знак. Венера минува низ вашето небо и ви овозможува повторно да се вратите на пријатното чувство на љубовта. Ако сте осамени, искористете ја оваа енергија на Венера за да запознаете нови луѓе, посетите нови места и дојдете до судбоносна средба која има моќ да ви го смени животот. Оние кои се во долга врска потешко ќе успеат да пронајдат баланс во односот со партнерот. Може да дојде до недоразбирање и големи несогласувања.

Работа – овој период, квадратот на Јупитер и Сатурн кој ќе трае се до декември носи големи тешкотии во спроведувањето на проектите, а кај некои Ваги може да се јави и несигурност и страв. Обрнете внимание на изненадните трошоци. Што и да се случува, останете ведри.

Здравје – не губете надеж и пробајте да се ослободите од негативните мисли. Лошата енергија и негативни луѓе лошо влијаат на вашето здравје.

Шкорпија

Љубов – Ако одлучите да направите големи планови за заеднички живот со партнерот, тогаш есента е идеална за тоа. Јупитер и Сатурн ви носат важни избори како венчавки, заеднички живот и размислување за потомство. Сексуалната енергија ќе биде на високо ниво и ќе ви донесе свежа енергија во вашата романтична врска. Осамените Шкорпии не ги очекува никаква новост во текот на есента, но веќе зимата им носи можност за нова личност која ќе им го згрее срцето. Бидете внимателни кому давате шанса.

Работа – Есента е одлична за завршување на проектите кои не успеавте да ги завршите досега. По октомври, Венера ви носи добри финансиски можности и зголемена заработувачка. Оние кои бараат работа ќе имаат најголема среќа на почетокот на есента. Бидете внимателни во однос на договорите кои ги потпишувате. Најдобар период за инвестиции е средината на ноември.

Здравје – Можна е тензија, стрес и нервоза. Пробајте да се опуштите со помош на масажи и физичка активност.

Стрелец

Љубов – Венера во секстил во октомври ви носи внатрешен спокој, а тоа позитивно ќе се одрази на вашата љубовна врска. Ќе успеете да пронајдете рамнотежа која позитивно ќе влијае на вашиот љубовен и семеен живот. Секстилот на Јупитер и Сатурн носи прекрасни промени, како и стабилност во емотивните односи, но и значајни животни одлуки како брак или заеднички живот. Осамените Стрелци ќе бидат неверојатно шармантни, па можно е во текот на октомври и ноември да стекнат прилика да запознаат личност со која делат исти интереси.

Работа – Планетите ви носат одлична вест во однос на нова работа и подобрување на финансиите. Најмногу успех ќе имаат младите кои бараат нова работа, како и оние кои ќе ја сменат професијата или ќе размислуваат за заминување во странство. Успехот чука на вашата врата оваа есен, бидете подготвени.

Здравје – Менталната енергија е половина здравје, па затоа посветете се на тоа да го исчистите умот и душата. Имате неверојатна ментална сила и добра енергија која ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици.

Јарец

Љубов – Многу емоционални проблеми веќе ќе бидат решени, така што останува само да сонувате и планирате. До крајот на есента ќе добиете и нови љубовни шанси. Единствената турбуленција доаѓа од Венера во квадрат – можни се недоразбирања и несогласувања во семејството или со партнерот. Јупитер во вашата астролошка куќа ве поттикнува да размислувате за потомство. Осамените срца до крајот на есента ќе сретнат личност која ќе им го освои срцето.

Работа – Одлични можности доаѓаат за Јарците кои бараат нова работа, особено во првата половина на есента. Некои Јарци ќе вложат пари во нови проекти, а други можно е да најдат работа во друг град или пак да се одлучат за промена на професијата. На ова поле, планетите ќе ви бидат многу наклонети.

Здравје – можни се проблеми со пад на енергијата, но со добра исхрана и мотивација ќе успеете да ги надминете сите предизвици.

Водолија

Љубов – почетокот на ноември е најважен период во љубовта. Активната Венера носи силни емоции на сите оние кои сакаат да се вратат на некоја стара љубов. Но, имајте предвид дека новите средби ви носат и нови луѓе во животот и потенцијална голема љубов. Големите одлуки на ова поле ве очекуваат дури на почетокот на 2021.

Работа – Јупитер и Сатурн ви помагаат да се соочите со препреки на полето на кариерата и да се подготвите за неверојатен почеток на следната година. Овие две планети се во позитивен транзит со Сонцето, па ќе имате можност да остварите различни проекти. Оние кои бараат нова работа, ги очекува успех во средината на декември. Ќе бидете расположени за тимска работа, а есента ви носи и подобрена финансиска ситуација.

Здравје – Можни се проблеми со долниот дел од грбот, внимавајте на седењето.

Риби

Љубов – Октомври е неповолен месец за љубовта за Рибите. Венера е во опозиција и може да ви донесе криза во бракот или врската. Време е да разговарате отворено и вистината да излезе на виделина. Покажете што чувствувате бидејќи само со позитивна комуникација можете да избегнете дополнителни компликации на ова поле. Во ноември доаѓа подобра клима во љубовта. Тогаш е поволен период и за големи одлуки и планови за заеднички живот со саканата личност.

Работа – Ве очекуваат мали препреки на ова поле во текот на есента. Време е да стекнете храброст, да ги надминете и да си остварите можност за напредок во текот на зимата. Ќе се соочите со големи дилеми и тешки одлуки, но пробајте да ги решите до почетокот на зимата. Побарајте поддршка од оние колеги кои ви се блиски.

Здравје – ќе се соочите со нервоза и стрес.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts