vesti24.mk
ВЕСТИ

Гостиварци повторно излегоа на протест поради поскапувањето на струјата

ECA

Поголема група гостиварци вечерва одржа протестен марш незадоволни од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 проценти. Маршот го организираше навивачката група „Кастриоти”.

Со транспаренти за намалување на струјата, пораки до надлежните напишани на албански јазик и скандирање повеќе стотина граѓани поминаа од Центарот за култура до дирекцијата на ХЕЦ Маврово и завршија пред седиштето на КЕЦ на ЕВН Македонија.

Организаторите посочија дека целта на протестот е да се истакнат нивните барања: да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независно тело во служба на граѓаните кое ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката.

Протестот кој траеше нешто повеќе од половина час помина без инциденти и под надзор на полициски службеници. На крајот од протестот кон зградата на ЕВН беа фрлени јајца и ролни со тоалетна хартија.

Вакви и силни протести вечерва имаше и во неколку градови низ Македонија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts