vesti24.mk
ЗАБАВА

Го расплака светот: Пред смртта 32-годишен татко остави порака за жената и децата

ECA

Неколку дена пред да почине, како последица од коронавирусот, 32 – годишниот Џонатан напишал емотивна проштална порака за семејството во неговиот мобилен телефон, која подоцна ја пронашла неговата сопруга.

„Кога ми го вратија мобилниот телефон на Џонатан, го вклучив и открив белешка која Џонатан ја напишал за мене и децата, само еден ден пред да биде интубиран во болницата, како последица од коронавирусот“ – вели Кејт Кохло, од Данбери, Конектикат, чиј 32- годишен сопруг починал во болницата на 28 – от откако бил хоспитализиран поради коронавирус.

Доживеал застој на срцето и почитал, а само неколку дена пред тоа, на својот мобилен телефон напишал белешка за сопругата и нивните две деца, Брајден и Пени.

„По неговата смрт само плачев и му кажував колку го сакавме“ – раскажува Кети за моментите пред да дознае дека постои неговата порака на мобилниот.

„Ве сакам со целото срце. Ми пруживте прекрасен живот, подобар отколку што можев да замислам. Среќен сум и ме прави горд тоа што сум твој сопруг и татко на Брајден и Пени“ – напишал Џонатан во белешката.

„Кети, ти си најубавата и најгрижливата личност која некогаш ја имам запознаено. Навистина си посебна и води сметка за тоа да го живееш животот среќно и со истата страст, поради која се заљубив во тебе. Видов дека си најдобра мајка на нашите деца и тоа најубавата работа која ја доживеав“ – напишал Џонатан. Ја замолил сопругата за на нивниот двегодишен син, на кој му е дијагностицирана церебрална парализа, кога ќе порасне за да сфати, да му пренесе дека тој е неговиот „најдобар и дека е горд што е негов татко, како и на сите неверојатни работи кои успеал да ги оствари и сигурно ќе продолжи така“.

„Нека Пенелопе знае дека е дека таа е мојата принцеза и дека во животот може да има се што сака“ – продолжил таткото, во пораката за својата 10 – годишна ќерка. Пораката ја заклучил со желба семејството да биде среќно, без оглед на тоа што им се случило.

Пријателите на семејството започнале GoFundMe капања за нив, на која Кејт ја споделила пораката од сопругот, па додала дека Џонатан бил посветен државен службеник, вреден работник кој има насмевка поради која покрај него се чувствувале сакани.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts