vesti24.mk
ВЕСТИ

Градежништвото бара поголема поддршка од државата

ECA

Наместо странските, домашните компании да бидат главни изведувачи на проектите , бараат градежниците. Велат дека државата тоа може да им го овозможи затоа што како подизведувачи на странските фирми тие не можат да допринесат за раст на економијата. На средбата со министерот Бочварски испорачаа и серија барања за спас на секторот од пандемијата. Освен четвртиот пакет, бараат дополнителна финансиска помош. Годинава ќе ја завршат со сериозен пад, но ако не им се помогне состoјбата во секторот ќе биде многу лоша, пренесува телевизија Сител.

Министерот за транспoрт Бочварски рече дека градежништвото не е најпогодениот сектор од кризата, но ќе бидат разгледани нивните барања.

Секторот кој беше главен двигател на економијата поради падемијата бележи пад од 4,5 проценти, но засега успеале да ги задржат сите работници.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts