vesti24.mk
ЗАБАВА

Градинарски лек: Зеленчук против алергии

ECA

Климатските промени влијаат на продолжувањето на цветните растенија, а со тоа сезоната на алергии е продолжена до октомври…

Лук и црвен кромид
Симптомите можат да се ублажат со кромид и лук, кои се богати со кверцетин, флаваноид кој делува како антихистамин или супстанција што блокира алергиска реакција.

Брокула
Брокулата, како лукот, помага во ублажување на симптомите на алергија со чистење на синусите. Исто така, богата е со витамин Ц, кој го намалува нивото на хистамин, супстанција која предизвикува алергиска реакција. Само 500 милиграми витамин Ц ги ублажува алергиите, а само чаша од овој сиров зеленчук содржи околу 80 милиграми. Се препорачува консумирање карфиол и зелка.

Морков
Богат е со каротеноиди кои ефикасно ги ублажуваат алергиите. Истражувањата потврдија дека луѓето кои јадат зеленчук богат со каротеноиди имаат помала веројатност да страдаат од алергии од другите. Покрај бета-каротин што се наоѓа во морковите, се препорачува внес на ликопен и лутеин. Најдобро е да јадете домати и зелен лиснат зеленчук.

Кељ
Слично на брокулата, кељот ги чисти синусите, што го олеснува грчењето и кивање што ги придружува алергиите. Покрај тоа, тој е богат со витамин А, кој го крева имунитетот и ги ублажува симптомите. Истражувањата потврдија дека луѓето кои имаат проблем со недостаток на витамин А, со поголема веројатност страдаат од алергии и астма.

Тиква
Богата е со витамини А и Ц, потоа цинк, што ја прави одличен додаток во исхраната на сите оние кои се борат со алергии. Витаминот Ц го намалува нивото на хистамин, а цинк и витамин А го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Целер
Покрај тоа што помага при висок крвен притисок и хронична болка, целерот ги ублажува симптомите на алергија. Има антиинфламаторно дејство и е богат со витамин Ц. Се препорачува да се готви на пареа затоа што ги зачувува сите свои важни хранливи материи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts