vesti24.mk
ВЕСТИ

Граѓанин до Венко Филипче: Ќе спиеш ли мирно до „големиот суд“, каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата!

ECA

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или „министер“, во кого верувавме, освен со едно обично Венко Филипче.

Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „се е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „се е под контрола“.
На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!!

Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ , каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.

Не, не Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспилтализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем.

Ништо не е под контрола, напротив, твоето „се е под контрола“ убива луѓе. Ги убива срцето и душата на блиските и надежта на децата дека повторно ќе се радуваат со својот татко.

Од твоето „се е под контрола, сега ни преостанува само на Господ да се молиме.

Ќе спиеш ли мирно до ГОЛЕМИОТ СУД , каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!!!!???

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не…

Posted by Tanja Burnik on Monday, November 16, 2020

извор:курир.мк

Loading...

Related posts