vesti24.mk
ЗАБАВА

Грижата за другите луѓе ни прави да се чувствуваме подобро

ECA

Светскиот извештај за среќа ја прогласи Финска за најсреќна држава и ни покажува како да останеме позитивни иако владее епидемијата со коронавирус.

Кризата предизвикана од коронавирусот на планетата ѝ овозможува позитивни промени кои не треба да се пропуштат, тврдат научниците кои се вклучени во осмиот годишен Светски извештај за среќа.

„Извештајот нуди совети за добро ментално здравје кои ќе им помогнат на луѓето да ја издржат кризата која доаѓа“, вели професорот Ричард Лејард, пишува Guardian.

Финска три години по ред е на првото место. Граѓаните на оваа држава добро се носат со новонастанатата ситуација.

Извештајот користи шест параметри за мерење на квалитетот на животот во повеќе од 150 земји ширум светот: БДП по глава на жител, социјална поддршка, здрав животен век, слобода, благодарност и отсуство на корупција.

Истражувањето покажа дека соработката и социјалната поддршка се темел за среќа. Лејард верува дека кризата со коронавирусот ќе ги забрза промените во општеството за кои научниците се залагаат со децении.

„За да поминеме низ овој период, ќе мора да се подобриме на нивото на општествена одговорност“, вели професорот.

Некои луѓе ќе мора да бидат во карантин, а други да им дадат поддршка додека трае тоа.

Се надеваме дека брзо ќе помине овој период.

Во оваа криза, треба да создадеме услови и да бидеме поддршка едни на други, да се поврземе на емотивно ниво и покрај изолацијата и немањето физички контакт.

Клучно е да внимаваме на другите луѓе, не само за нивно добро, туку и за нас самите.

извор: kajgana.com

извор:курир.мк

Loading...

Related posts