vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Гугл отстрани 17 апликации: Ако ги имате во телефонот, избришете ги веднаш!

ECA

Сите 17 проблематични апликации пристигнале во Play Store во септември, и благодарение на тоа, за среќа, не успеале да привлечат голем број на корисници.

Пред да се забележи малициозниот софтвер, сè било преземено околу 120 илјади пати, пишува ЗД Нет.

Гугл отстрани уште 17 апликации од својата продавница Google Play, за да заштити многуте корисници од Џокер малвер со кој биле заразени.

Овој вирус е дизајниран да краде СМС пораки, списоци со контакти и податоци за уредите и да се претплати на премиум услуги без нивно знаење.

Објавен е и списокот со овие апликации, така што оние што ги инсталирале можат да ги отстранат од своите уреди:

All Good PDF Scanner

Mint Leaf Message – Your Private Message

Unique Keyboard – Fancy Fonts & Free Emoticons

Tangram App Lock

Direct Messenger

Private SMS

One Sentence Translator – Multifunctional Translator

Style Photo Collage

Meticulous Scanner

Desire Translate

Talent Photo Editor – Blur focus

Care Message

Part Message

Paper Doc Scanner

Blue Scanner

Hummingbird PDF Converter – Photo to PDF

All Good PDF Scanner.

Проблемот е во тоа што малициозни активности не се вршат при првото лансирање на апликацијата, така што безбедносните протоколи на Google не регистрираат сомнително однесување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts