vesti24.mk
ЗАБАВА

Дали внесувате доволно витамин Ц? Вака ќе препознаете!

ECA

Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобруа имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.

Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.

Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.

Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот. Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.

Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.

Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts