vesti24.mk
ВЕСТИ

Дали градежните фирми на новиот Министер за транспорт Бочварски ќе го преземат градежниот пазар во Македонија?

ECA

Низа скандали изминатиов период го тресеа името на новиот Министер за транспорт и врски и актуелен градоначалник на Општина Штип Благој Бочварски.

Имено фирми блиски на семејството на градоначалник Благој Бочварски го добиваа најголемиот колач на тендерите на штипските локални институции, обвинуваа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно достапните документи велат дека семејната фирма на градоначалникот Благој Бочварски Пелагонија –Инженеринг ДОО Штип во периодот од 2017 до 2019 добила 12 тендери од Ј.П Стипион 2011. Вкупната вредност на тендерите изнесува 6.7 милиони денари или 109.371 евро.

Поголем дел од тендерите се однесува на услуги на користење на градежни машини (24.369 евра), набавки на услуги на градежни машини (19.407 евра) а тука се и набавки на дробен камен (51.229 евра) градежен материјал (12.796 евра) и работа со машина за валирање (1570евра).

,,Фирмата Пелагонија –Инженеринг ДОО Штип е фирма на моето потесно и пошироко семсјство и оваа фирма е повеќе од 20 години присутна на пазарот“ , ја потврди тогаш информацијата штипскиот градоначалник .

извор:курир.мк

Loading...

Related posts