vesti24.mk
ВЕСТИ

Дали ќе реагираат институциите: Момчиња брутално тепаат момче и се фалат на „ТикТок“

ECA

Снимајќи се повеќе момчиња брутално тепаат момче, па потоа се фалат со своето „дело“ на социјалните мрежи.

На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа.

На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.

Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts