vesti24.mk
ВЕСТИ

Даштевски : За пописот треба да се постигне национален консензус и да се применат европски методи

ECA

Новоизбраниот претседател на ДИК Александар Даштевски во гостување во емисијата “Прашањето ми е следно,, во врска со пописот кажа дека не е тешко да се заклучи дека сега не е државата спремна за спроведе попис.

– Јас лично ако се прашувам мислам дека сега за сега ние не сме подготвени тоа не е тешко да се заклучи. Како човек кој веќе има сериозно искуство и знам дека последниот попис кој се спроведе беше нерегуларен 2000 2001 кога се спроведе беше нерегуларен и се прогласи како таков и сите си отидоа од таа комисија и од тогаш поради тоа не се ни спроведуваше.

Дополнително Даштевски потенцираше дека треба да се постигне национален консензус околу тоа прашање и да се применат европски методи.

– Тоа не е едноставна операција и јас сметам дека треба да се договорат и да се постигне национален консензус по тоа прашање и да се применат европските методи. Да не се оди нели за инат ќе спроведеме, нема да спроведеме па не се согласува опозицијата. Тоа можа да биде сериозен проблем за тоа дали пописот е добар или не појасни Даштевски

извор:курир.мк

Loading...

Related posts