vesti24.mk
ВЕСТИ

„Да не дозволиме молкот да биде погласен од сите неправди и сето политичко насилие што го живееме денес во Македонија“

ECA

ВМРО-ДПМНЕ за утре најавува масовен протест кој ќе започне од пред Министерството за правда, а истиот е насловен како протест против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.

По тој повод денеска повик до сите граѓани упатија и многу граѓани и членови на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нивните повици за што поголема масовност се во продолжение:

-Мафијашот Заев и СДС во овие неколку години станаа синоним за неправда и национално понижување. Секојдневно се бркаат луѓе од работа поради партиска припадност, од ракав на политичките неистомисленици им се пишуваат кривични пријави и се носат во Шутка, нема новинар кој е критички настроен, а не е влечкан по обвинителство и по судови. Нивните гавази почнаа да тепаат сред бел ден. Со еден збор мафија.
Меѓутоа, верувам ќе се согласите со мене, како што браќата од 27—ми Април се обесправени и малтретирани не е никој друг. Да потсетам, поголем дел од нив се осудени на затворски казни за ,,тероризам” по 12, 15 и 18 години затвор, само и само затоа што си ја сакаат Македонија и застанале во нејзина одбрана. Полни три години поголем дел од нив лежат по македонските затвори. Затоа утре (23.09) во 18:30 часот, сите ние кои безрезервно им даваме поддршка ним и на нивните семејства, но и за сите други обесправени од оваа хунта, да се собереме во што поголем број пред министерство за неправда, гордо и достоинствно и онака македонски, да крикнеме дека во Македонија нема правда, па затоа нема ни да има мир.
#СлободаЗаУставобранителите👌🏻
#ДаЖивееРепубликаМакедонија, стои во постот на Александар Пандов.

Мафијашот Заев и СДС во овие неколку години станаа синоним за неправда и национално понижување. Секојдневно се бркаат…

Posted by Александар Пандов on Tuesday, September 22, 2020

На масовна посетеност повика и Игор Дурловски.

-Да не дозволиме молкот да биде погласен од сите неправди и сето политичко насилие што го живееме денес во Македонија.
Утре пред министерство за правда во 18:30 часот.
За тебе, за нас, за неправедно затворените!, пишува Дурловски.

Да не дозволиме молкот да биде погласен од сите неправди и сето политичко насилие што го живееме денес во Македонија….

Posted by Igor Durlovski on Tuesday, September 22, 2020

-📢 За нашите врсници, за младите успешни луѓе, оние кои немаат работно место, но и за оние кои останаа без истото поради дискриминација на партиска основа.
За понижувачките судски процеси за Саздо и Кољо.
За уништувањето на секаква перспектива на младите во Македонија.
Да излеземе утре на протест во 18:30 часот пред Министерство за правда против сите овие неправди!
За твојата и нашата иднина!
Се гледаме!, стои во постот на Сергеј Попов кој е нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

📢 За нашите врсници, за младите успешни луѓе, оние кои немаат работно место, но и за оние кои останаа без истото поради…

Posted by Сергеј Попов / Sergej Popov on Tuesday, September 22, 2020

-Кога не напаѓаат и шиканираат. Кога губите работно место затоа што не сте со власта. Кога ве праќаат во затвор затоа што си ја сакате државата, а тие што се криминалци се на слобода. Тогаш само протестот е решение. Улицата е нашата единствена опција.
За сите административци кои сте под притисок и мобинг, за сите луѓе кои останавте без работа, но и за сите браќа и сестри кои ве затворија, утре во 18.30 пред министерството за правда, на марш до судска палата, вели во својот пост Цветан Трипуновски.

Кога не напаѓаат и шиканираат. Кога губите работно место затоа што не сте со власта. Кога ве праќаат во затвор затоа што…

Posted by Цветан Трипуновски on Tuesday, September 22, 2020

извор:курир.мк

Loading...

Related posts