vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Девиците не признаваат грешки, Водолијата мрази да губи дебати – Што не може да прифатат знаците никогаш?

ECA

Според астрологијата, секој од знаците не може да се соочи со одредени нешта во животот и да ги прифати. Меланхоличните Риби, на пример, не може да се соочат со фактот дека сè што е убаво има крај.

Лавот мрази кога го понижуваат во јавност, Јарецот пак ќе ви ги „извади“ очите доколку му го „лапнете“ унапредувањето … што не може да прифатат знаците никогаш?

Овен – да изгуби битка. Борбениот Овен никогаш нема да се предаде. За него важи правилото – можеби ја изгубив битката, но не и војната. Неуморен е, ќе направи сè што е во својата моќ со цел поразот да не му стане реалност.

Бик – лоши спомени. Тврдоглавиот Бик не може да прифати дека од некое патување, искуство, настан со себе ќе носи лоши спомени до крајот на животот. Често пати има тенденција да ги „разубавува“ приказните со цел да бидат така лоши или тажни.

Близнаци – да не го знаат одговорот на нешто. Дежурните „сезнајковци“ не може да прифатат дека некој може да знае малку повеќе од нив. Подготвени се да учат со денови и недели, спремни и на неспиење, од страв да не испуштат нешто за кое подоцна ќе се каат.

Рак – загуба на милениче или драга личност. Емотивниот Рак може да се соочи со многу работи, но овие две ќе го доточат. Тогаш се затвораат самите во себе, се изолираат од остатокот од светот и тагуваат со месеци. Во состојба се да не изустат ниту еден единствен збор поради тага.

Лав – понижување и внатрешна болка. Лавот покрај тоа што е горделив истовремено е и мошне агресивен знак. Најмногу што мрази е јавно понижување од страна на друг/и. Тогаш започнува да страда во себеси, иако никогаш нема да го признае тоа.

Девица – грешка. Беспрекорно организираната, методична Девица не прифаќа грешки во животот – како од себе, така и од другите околу неа. Грешките за неа се знак на слабост. Само непромислените и слабите прават грешки, а таа не го сака тоа кај себе, ниту пак да се дружи со вакви луѓе.

Вага – да изгуби пријател. Вагата е балансирана личност која сака да го живее животот во мир и хармонија. Затоа многу тешко ѝ паѓа кога ќе изгуби некој пријател или пријателството ќе заврши нагло и неочекувано. Едноставно не може да го прифати тоа и ќе даде сè од себе пријателството да трае, макар и на нејзина штета.

Скорпија – да изгуби љубовник. Добро прочитавте, Скорпијата прифаќа да изгуби љубов, но не и добриот љубовник. Него ќе се обиде да го задржи по секоја цена, бидејќи се познати по својата незапирлива страст во креветот. Ќе го употребат целиот свој шарм и харизматичност, само да го имаат до себе помеѓу чаршафите.

Стрелец – одговорност. Доколку сакате забава, лудо дружење до утринските часови, повикајте го Стрелецот. Доколку ви треба некој да решите сериозен проблем, некој одговорен и внимателен човек, подобро одбегнете го Стрелецот. Едноставно е – Стрелецот не прифаќа одговорност за ништо во животот, дури ни за себеси.

Јарец – неуспех. Не го добивте унапредувањето на работа? Не е крај на светот. Освен доколку не сте Јарец во хороскоп. За нив е крајот на светот. Ќе кренат огромна врева, ќе направат драма и ќе го убедат шефот дека го направил погрешниот избор. На крајот од денот ќе успеат да се унапредат, затоа што неуспехот „не е опција“.

Водолија – да изгубат во дебата. Водолијата обожава дискусии, а особено се гордее со своите адвокатски способности. Според неа, таа може да ги дискутира двете страни, за и против, за секој можен случај. Затоа мрази кога ја губи дебатата. Верува дека никој не е поспремен и поснаодлив од неа.

Риби – дека сите добри работи некогаш завршуваат. Рибите кои се најпознатите сонувачи во Зодијакот може да потонат во целосна состојба на сон. Тие едноставно уживаат во моментот и не може да се соочат дека сите добри работи мора да завршат некогаш. Склони се кон депресија кога сфаќаат дека покрај убавото, во светот постои и грдото.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts