vesti24.mk
ЗАБАВА

Девојките ги открија најлошите „комплименти“ кои ги добиле од момците

ECA

ТикТок корисничката Кејти станала хит откако своите следбеници ги прашала кои се најлошите ‘комплименти’ со кои момците се обиделе да ги придобијат, а повеќе звучеле како навреди.

Девојките имале сешто да кажат, а Кејти го опишала своето искуство.

„Зборував со едно момче, а одеднаш рече: ‘Знаеш, ми се допаѓаш, поинаква си’. Го прашав на што мисли, а тој одговорил дека не може да води вакви разговори со други девојки, бидејќи се глупави“.

Наскоро ја надополнила и друга девојка, Кејси.

„Ми рече дека не се плаши од дебели девојки“.

Искуства од различни девојки почнале да се нижат, а ова се некои од најдобрите.

„Ми рече дека сум прилично убава за една Азијка, бидејќи сите други воглавно се одвратни“.

„Еден тип ми рече дека му се допаѓам, но јас сум Афроамериканка, а тој е расист“.

„Призна дека е со мене, бидејќи му е доста од убави девојки и дека му се допаѓам бидејќи не изгледам како модел“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts