vesti24.mk
ЗАБАВА

Дел од нив се сериозни: Овие работи му се случуваат на вашето тело кога ја работите работата која не ја сакате

ECA

Ако не ја сакате вашата работа или пак дури и ја мразите, тоа може да предизвика не само незадоволство на работното место туку и дополнителни физички и ментални симптоми кои влијаат на вашиот живот.

Тоа може да влијае на вашите односи со колегите во и надвор од работното место. Кога се жените во прашање, незадоволството на работа може да влијае на менструалниот циклус.

Овие седум работи може да се случат кога толку многу ја мразите својата работа што дури и доживувате физичките проблеми.

Главоболка

Незадоволството на работното место може да доведе до појава на главоболки, па дури и мигрени. Може да бидат предизвикани од стрес поради незадоволство.

Зголемување на телесната тежина

Ако не сте задоволни од вашата работа, веројатно ќе забележите зголемување на телесната тежина. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за соочување со стрес. Кон тоа тежнеете кога сте незадоволни од кариерата и не сте мотивирани за вежбање по тешкиот ден на работа.

Уморни и болни мускули

Кога сте несреќни и чувствувате напнатост, вашите мускули несвесно се грчат. Згрчените мускули може да доведат до други телесни болки како болки во грбот, рамената и зглобовите. До тоа доаѓа кога некој ќе се најде во стресно опкружување во кое е навистина тешко да се опушти.

Несоница

Екстремниот стрес и незадоволство може да доведат до губење на сонот. Можеби ќе ви биде тешко да го опуштите телото и умот и да се наспиете за да се чувствувате одморено. Недостатокот на сон може да ги појача другите симптоми поврзани со стрес, како ментален умор и главоболки.

Ментален умор

Недостатокот на сон заедно со дополнителниот стрес може да влијаат вашиот ум да се чувствува преуморен. На исит начин на кој може да искусите физички умор, може да искусите и ментален умор. Менталниот умор може да ја отежне продуктивноста.

Ослабен имун систем

Тоа може да доведе до лесно разболување, не само кон настинки и вирус, воспаленија. Стресот и незадоволството може да доведат до потреба од подолго закрепнување отколку што е вообичаено за овие вируси.

Нередовни менструации и симптоми на менопауза

Кога се под стрес, жените може да доживеат неправилности во менструациите. Исто така менструациите може да бидат потешки, а грчевите поболни.

Но, жените кои минуваат низ менопауза може да имаат посилни симптоми.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts