vesti24.mk
ЗАБАВА

Денеска е Св. свештеномаченик Јануариј

ECA

Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа вре¬ме Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол.

Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа.

Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави.

Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts