vesti24.mk
ЗАБАВА

Денес е најдепресивниот ден во годината, па ние одлучивме да ве расположиме (ВИДЕО)

ECA

Овој ден во јануари веќе со години се смета за најдепресивниот во годината, а како „тажен понеделник“ е дефиниран уште пред 13 години од страна на психологот Клиф Арнал.

Во прашање е 20-ти јануари, а додека многумина даваат совети како „да се преживее“ овој ден, директорката на Фондацијата за ментално здравје од Лондон Изабела Голди тврди дека ова не е најдепресивен ден и дека всушност е „измислен“ за да подобро се продаваат аранжманите за лето.

Третиот понеделник во годината, се смета за најдепресивен ден наводно поради тоа што тогаш минува еуфоријата од празниците, а летото изгледа далеку. Поимот „тажен понеделник“ го дефинирал Арнал и дури направил формула според која дошол до заклучокот, а која гласи [W + (D-d)] x Tq ÷ [M x Na].

Во оваа формула W претставува временски услови, D е долг, d е месечна заработка, T е време по Божиќ, Q е време по нашите пропаднати обиди нешто да направиме, М е ниско ниво на мотивација, а NA потреба за преземање акција, па заклучил дека третиот понеделник во јануари е најдепресивниот ден во годината.

Голди наведува дека „тажниот понеделник“ не постои и објаснува дека е измислен во 2005 година за да се распродадат туристичките дестинации за лето.

-Од тогаш стана ПР настан чија примарна цел е продажна на услугите, навела таа за USA Today.

Голди навела дека е од витално значење да се разликува чувството на тага во еден ден од реално ментално заболување. Можете, како што наведува, тој ден да се чувствувате малку полошо, затоа што празниците се завршени, но додава „тажниот понеделник не е најдепресивниот ден во годината“.

-Идејата дека депресијата можете да ја пресметате со помош на некои формули не е добра, додава таа и наведува дека теоријата за овој ден не е целосно исклучен, затоа што менталното здравје е под влијание на околината.

Поради тоа навела и дека постои депресија која се јавува секоја година во иста сезона.

-Главни фактори за ризик од ментално заболување (сиромаштија, трауми, осаменост, постојан стрес и физичко здравје) не се ограничени на месец дена, а не на еден ден. Можеме да расправаме за сезонски варијации, имајќи предвид дека некои луѓе кои живеат со проблеми кои се ментални, можат некој ден да се чуствуваат полошо, особено во зима. Меѓутоа, луѓето кој го имаат овој проблем со него се борат секојдневно, заклучила таа.

Почитувани читатели, ако ова е навистина депресивен ден за вас, ние решивме да ве расположиме.

Видеата кои ви ги пренесуваме во продолжение со сигурност ќе ве насмеат:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts