vesti24.mk
ВЕСТИ

Детали за пациентот кој се фрлил од прозорец на болницата „8 септември“

ECA

Директорот на Градската болница „8 септември“, доктор Кристијан Костов ја потврди информацијата дека пациент скокнал од прозорец од првиот кат на болницата.

„На 10 февруари, 2012 година, пациент хоспитализиран на интензивна нега во ГОБ „8 септември“, роден 1950 година, во тешка состојба и под психијатриска опсервација, и покрај сите превземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај превземените реанимациони постапки, од страна на дежурна екипа во 7 и 30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни инситуции. МЗ, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ – истакна Костов.

Тој додава дека е направен увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонреден надзор.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts