vesti24.mk
ЗАБАВА

Дете-џин: Има само 14 години, а висок е 221 сантиметар

ECA

Рен Кеи од Кина има 14 години, а поради својата висина која веќе достигна два метри и 21 сантиметар се издвојува од групата на соученици.

Тинејџерот продолжува да расте, и моментално е во фаза на аплицирање за влез во Гинисовата книга на рекорди, за највисокиот тинејџер во светот.

Таа титула досега ја имаше американски тинејџер кој беше висок 215,9 сантиметри кога имал 16 години.

Кеи учи во деветто одделение во училиште во југозападна Кина во Сечуан, а неодамна го прослави и својот 14-ти роденден.

Рен вели дека неговите родители го однеле во болница на преглед кога бил уште помал и дека, како што тврди, лекарите тогаш утврдиле дека неговата висина не е предизвикана од никакво заболување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts