vesti24.mk
ВЕСТИ

Децата во болницата ќе ги потсетуваме на нивниот неуморен, смешен Фичо: Емотивни пораки за Димишковски

ECA

Децата болни од леукемија се простија од Филип Димишковски, пренесе „Сано“ која ја има и родителската куќа за децата болни од рак.

Тие добро го познаваат 24-годишниот Филип, кому пред две години му беше извршена првата трансплантација со матични клетки од несроден дарител. Филип беше болен од акутна миелобластна леукемија.

-Ни кажа дека сакаш ливади, дека најмногу ти недостига мирисот на тревките, ни кажа дека многу не сакаш.
Другарче, и ние те сакаме најмногу, ќе ни недостигаш многу, но веќе не се плашиш, слободен си, затоа слободно трчај по твоите ливади, уживај во мирисот на тревките, а ние додека сме тука, ќе продолжиме каде што застана. Нашите другари, децата во болница, ќе ги потсетуваме на нивниот неуморен, смешен Фичо.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts