vesti24.mk
ЗАБАВА

Диета за почетници: Како да изгубите неколку килограми за 30 дена?

ECA

Диетата „30 дена“ се заснова на елиминација на слатки, колачи, тестенини, алкохол и индустриски преработена храна.

Овој план за исхрана е создаден во 2009 година, а го создале Мелиса Хартвинг Урбан и Далас Харвинг. Целта на оваа диета не е губење на тежината, туку чистење на организмот од брза храна.

„Во текот на 30 дена, ќе видите што се подобрува кога ќе ги отстраните потенцијално проблематичните намирници од вашата исхрана“, објаснува Хартвинг Урбан.

Многумина забележале подобрувања, како што се зголемена енергија, подобар сон, подобро расположение, концентрација, подобро варење на храната, издржливост итн. Покрај тоа, креаторите на оваа диета тврдат дека на овој начин, можете да ги намалите егземата, мигрената, астмата и алергиите.

„По триесет дена, можете внимателно да почнете да ја јадете храната од која сте се откажале, а врз основа на тоа да видите што ви одговара, а што не, односно како таа храна влијае на вашето физичко и ментално здравје“, велат креаторите на оваа диета.

Оваа диета ја препорачуваат повеќето лекари, но најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да ја држите.

Што можете да јадете за време на диетата „30 дена“?

Сите видови зеленчук, вклучително и компири
Овошје
Морска храна како риба, остриги, ракчиња и школки
Месо: говедско, пилешко, свинско (но не пржено, туку печено и варено)
Ореви и семиња
Јајца
Маслиново и кокосово масло
Црно кафе

Што не треба да јадете за време на диетата?

Млеко
Житарки (пченка, ориз, пченица)
Шеќер
Мешунки (грав, леќа, грашок, соја)
Алкохол
Тестенини
Леб
Помфрит и чипс

Што да очекувате?

Оваа програма е тешка од повеќе причини: треба да ги подготвувате и да ги планирате оброците однапред; програмата е строга и мора да внимавате да не го прекршите правилото, во спротивно почнувате од почеток; здравата храна е поскапа.

Пример мени:

Прв ден

Појадок: Кајгана со спанаќ или блитва

Ручек: Салата од туна, кромид и зелена салата

Вечера: Риба на скара и тиквички

Втор ден

Појадок: Варено пилешко со зеленчук на скара

Ручек: Пилешки копан и варени компири

Вечера: Салата од рендан целер, јаболка, моркови и ореви

Трет ден

Појадок: 2 варени јајца и свеж зеленчук како што се пиперки, домати итн.

Ручек: Пилешка салата

Вечера: Карфиол и варено говедско месо

Иако оваа диета е тешка, имајте предвид дека ќе го исчистите вашето тело од токсини, дека не е „трајна“ и дека ќе се вратите на вообичаената исхрана по 30 дена.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts