vesti24.mk
ВЕСТИ

Димовски до Ковачев: Тоа што сте нашле квислинзи на власт, не значи дека Македонците ќе ви попуштат, ние ќе пееме за Јане, оној од чие спомнување се плашите

ECA

МАКЕДОНИЈА ИМА СВОИ ИНТЕРЕСИ, СВОЈА ПОЛИТИКА И СВОЈА ИДНИНА, АНДРЕЈ КОВАЧЕВ. А ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ Е ПРЕДВОДНИК НА ОТПОРОТ И ПОСЛЕДНИОТ БЕДЕМ, КОЈ ВО СТОИ НА ПАТОТ НА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Оваа порака ја испраќа Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Ова што денес на големо го трубат властите во Бугарија, не е ништо ново. Зачнато е во 1948 година, кога Бугарија, благодарение на една резолуција на Информбирото, го отфрлила концептот за културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија и го забранила учењето на македонски јазик во училиштата. Родено е во 1958 година, кога бугарската комунистичка партија, со официјален став го негира постоењето на Македонски народ и македонски јазик. И ова што се случува денес, не е ништо друго, освен омраза кон нас, која трае со децении наназад.

Да сум Андреј Ковачев, Бугарин кој има сериозна агенда и намера да го заврши она што неговите предци не успеале во двете Балкански војни, со Букурешкиот договор, а потоа и со Втората светска војна, да ја имам Македонија под свое, секако и јас би бил сериозно заинтересиран да имам вакви вазали на Власт, какви што се сегашниве во Република Македонија. Бојко, Ковачев, Станишев и Каракачанов да ги бираа, немаше до толку да им се погодат. Синкир, навистина тешко е да се најдат вакви апологети, вазали и безрбетници, какви што се овие, актуелниве. Квинслизи –  какви што секој окупатор би посакал да ги има.

Но, јас сум Македонец. Не сум најголем, но сум доволно голем, за да им кажам дека Македонија има Македонски народ кој си ја сака татковината, дека не се сите Македонци такви како тие што ги посакуваат.

Македонија има свои интереси, своја политика и своја иднина. Таа иднина, неспорно е дека во Европското семејство, рамноправна со другите држави, но исклучиво како суверена, самостојна и независна држава, со своите суштински елементи – Македонски народ, Македонски јазик и идентитет, Македонска култура, фолклор и традиција и Македонска историја. Со своја силна економија, ценето образование, високо развиен здравствен и социјален систем, професионална полиција и добро обучена армија, почитување на правото и еднаквост пред правосудните органи. Всушност, ова треба да биде и националната стратегија, за која мораме да изградиме консензус и никогаш, ниту една политичка партија или политичар, да не смеат да отстапат од неа.

Се друго, спротивно на ова, е само одработување и реализирање на туѓи интереси, без разлика дали се работи за големо-бугарски, големо-албански, велико-српски или мегало-грчки. И, седење во скут на едните или на другите, или пак на сите истовремено.

Не почитуван Ковачев, овој пат ќе ја пееме она нашата, за Јане Сандански. За оној на кого се плашите името да му го спомнете.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts