vesti24.mk
ВЕСТИ

Димовски: Македонското земјоделие со оваа Влада го доживува најмрачниот период

ECA

Во радио „Лидер“ гостуваше поранешниот министер за земјоделие и претседател на СПМ, Љупчо Димовски кој кажа дека земјоделието во последните 4 години го доживува најмрачниот период и дека секогаш кога СДСМ е на власт македонското земјоделие трпело сериозни последици.

-Земјоделството изминативе 4 години го доживува најмрачниот период, македонското земјоделство. Инаку морам да напоменам дека секогаш кога СДСМ бил на власт македонското земјоделство трпело сериозни негативни последици.Од расформирањето на оние големи земјоделски индустриски комбинати дел од нив приватизирани разграбани механизација земјиште и итн додаде Димовски.

Димовски истакна дека земјоделецот и неговиот труд се потценети како никогаш до сега и дека тоа се случува кај сите земјоделски култури.

-Период кога во вистинска смисла на зборот е потценет земјоделскиот труд. Нешто се случува со оваа старо нова влада во овие изминати 4 месеци. Само за 4 месеци имаме еве ќе набројам 3 земјоделски култури. Грозјето, винското грозје цената беше 2 денари не е тоа потценување тоа е срам за државата. Тоа е крајно понижување за секој чесен лозар. Да го земеме оризот тој е малку по на страна се остава таму па нема ниту цена, нема ни откуп. Еве сега го има тутунот тоа е индустриско земјоделска стратешка култура за Македонија за која што државата добива голем профит. Но еве во моментов по основ на ниска цена тутунопроизводителите се ограбени за 18 милиони евра. Толку е вредноста пресметано на вкупната количина и актуелната цена која што тутунопроизводителите ја губат, кажа Димовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts