vesti24.mk
ВЕСТИ

Димовски: Оставката на Филипче е само една маркетиншка игра, изгореа 14 луѓе поради невнимание и неспособност

ECA

Очигледно ќе влеземе во процес на префрлање на вина, односно веќе сме влезени. Министерството за здравство веројатно со брифинг материјал до одредени медиуми денеска имаше споделено информации кои што се од внатрешен карактер, а за кои што немаме сите пристап како документи од јавен карактер а тоа е плановите за изградба на модуларните болници каде што лоцираат одговорност за противпожарна заштита, за одржување, ставање во функција на комуналните инспектори, општините и директорите на болниците каде што се правеле овие ковид модуларни одделенија, вели поранешниот пратеник Илија Димовски во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.

Според Димовски, оставките на министерот за здравство и заменик министерот се маркетиншки трик, додавајќи дека не само морална одговорност, туку во случајот за трагедијата во Тетово ќе треба да се одговара и политички и кривично.

-Не помина долго време и општина Тетово реагираше очигледно дека нема да ја прифати таквата насочена вина и префрла одговорност дека целокупниот проект бил во надлежност на Министерството за здравство. Жално е што до сега немаме прифатено односно немаме морална одговорност и тоа е првиот степен. Она со оставките и на директорите во Тетово и на министерот и на заменик министерот мислам дека беше само една маркетиншка игра, трик како да се одолжи времето во кое што ќе се снајдат што треба да прават како државни институции. Морална одговорност ќе беше неотповиклива оставка, тоа е морална одговорност, истакна Димовски.

-Сега влегуваме во фаза каде што ќе треба да се утврдат два други степени на одговорност, и тоа е политичката одговорност која што е дел од ова што ни се случува, дел е и од собраниските активности, веројатно веднаш после изборите заради тоа што Собранието очигледно не може да заседава повеќе и третиот тип на одговорност во овој случај ќе биде кривичната одговорност, која е веројатно најголем страв кај субјектите кои се замешани во овој случај, заради тоа што во ред да Јавното обвинителство ги тера истрагите, ЈО за жал последните неколку години покажа целосна приврзаност до политиките на владата, целосна споеност во тие политики, балансирање во смисла на тоа кога станува збор за политички прогон на неистомисленици, тогаш се оди до максимум со брзина, со експедитивност, со висина на казни. Но кога имаме случај кој што се однесуваат за луѓе блиски до оваа коалиција која што сега е на власт, тоа или се развлекува, или се сведува на некакви споразуми, на некакви минимални казни, се бараат членови во Кривичниот законик кои што се смешни за да се намали одговорност итн, потенцираше Димовски.

Димовски вели дека трагедијата во Тетово е резултат на неспособност, неорганизираност, невнимание и неспроведување на законски одредби, а не како што се обидуваат владините претставници да го прикажат како несреќа.

-Но овој случај е различен. Тука за жал имаме 14 жртви. Не е ова несреќа, гледам владините претставници сакаат да го претстават како несреќа, како трагедија, ова е класичен инцидент кој што е предизвикан од невнимание, неорганизираност и неспособност и неспроведување на основните законски одредби, заклучи Димовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts