vesti24.mk
ВЕСТИ

Димовски: Oва што денес се случи е типичен пример на полициско насилство испровоцирано од политички разлики

ECA

„Граѓанинот дури и вербално да нападне полицаец, полицаецот нема право да одговори нити на начинот на кој што било обратено спрема него, а уште помалку да примени физичка сила. А, јас не верувам во тој дел од приказната дека еве младиот човек, значи има снимка, ја гледавме снимката дека всушност младото момче поппуларно речено е собран од полицијата. Самиот чин не може да се нарече приведување, нема формално правна основа зошто да го приведат момчето. Заради тоа што снима на јавна површина разговор помеѓу пратеник и службено лице, значи пратеникот има право да биде сниман, а на јавна површина секој има право да снима, а посебно кога станува збор за протести. А, на крај на краиштата МВР и по службена должност ги снима тие протести. Што треба сега граѓаните да го најдат тој на седми спрат каде е седнат полицаецот од МВР што снима протести по дифолт, да се справуваат на истиот начин како што полицијата се справува со нив“, запраша Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека полицијата не смее да постапува како што денеска постапила со момчето за време на протестот.

„Значи ако вие навредите полицаец, полицијата не смее да ве навреди вас. И за тоа ова и како многу други случаеви во изминативе години, ќе биде анализирано, но не само анализирано од медиуми туку ќе биде анализирано и од меѓународниве организации кои што го следат степенот на демократија. Доколку МВР стои цврсто на таквото тврдење во намера политички да заштити некои службеници во МВР кои што најверојатно сакале да бидат поголеми католици од Папата, односно поголеми СДСМОВЦИ од самото СДСМ, доколку пристапи да ги заштитува, овој предмет ќе го читаме во сите меѓународни извештаи за оваа година во следниот период заради тоа што тоа е типичен пример на полициско насилство испровоцирано од политички разлики. Тоа не смее да се дозволи“, истакна Димовски.

Димовски посочи дека полицијата треба да биде на сите граѓани. Полицијата не смее да биде ставана во улога на тоа да зазема политичка позиција. Ова што се случи денес МВР треба да го расчисти со внатрешна контрола, или ако не се расчисти ќе се чита во меѓународните извештаи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts