vesti24.mk
ВЕСТИ

Директори на институции во паника од реваншизам и смена ако не дадат пари за “Глобал”

ECA

Иако некои едвај ги покриваат основните трошоци на институциите кои ги водат огромен број директори на државни институции се обидуваат по секоја цена да најдат пари во своите буџети и да ги дадат за струмичкиот трговски центар Глобал.

По препораката на владата што ја потпиша кумашинот на премиерот Заев генералниот секретар Мухамед Зекири директорите се во паника како да најдат пари за донација за да не бидат сменети.

Меѓу директорите особено оние кои што им истекува мандатот или се ВД постои страв дека владината одлука е тест за нивната лојалност и дека ако не наидат пари за “Глобал” може да бидат сменети.

“Ако дадам пари за трговскиот центар во Струмица ќе ми се побунат вработените затоа што едвај наоѓаме пари за хигиенски и десинфекциони средства. Но ако не дадам донација за Глобал прашање е дали повторно ќе бидам избран за директор”, вели искрено директор на државна институција чиј мандат наскоро завршува и кој одлуката на владата ја смета за своевиден државен рекет.

Директорот што инсистира на анонимност вели дека владината одлука реално не се однесува на директорите поставени како кадар на ДУИ и БЕСА а најмногу се погодени директорите кои се непартиски експерти во својата област и кои доаѓаат од помалите партии во коалицијата на СДСМ.

Според друг директор владината одлука е незаконска затоа што за ова прашање нема јасни законски критериуми и лесно може да падне на уставен суд ако некој го покрене прашањето.

Тој вели дека по ниедна цена, дури и ако биде сменет нема да дава пари за приватни локални потреби на општината од каде што доаѓа премиерот затоа што помош и донации заслужуваат и стотици други приватни но и јавни субјекти за кои владата ниту дава пари ниту носи одлука за донации.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts