vesti24.mk
ВЕСТИ

Доктор Јукиќ: Нема ништо од 250-те вработувања на млади доктори кои ги најави Филипче во јануари, моите колеги немаат здравствено, ниту се редовно платени- огромно потфрлање

ECA

Доктор Миралем Јукиќ од Здружението на специјализанти и млади доктори вечерва на „Топ тема“ во Телма телевизија истакна дека мининистерот за здравство Венко Филипче, изјавил во јануари дека ќе вработи 250 млади доктори, но од тоа сеуште нема ништо докторите сеуште немаат здравствено осигурување, нередовно се платени, а нема институција во земјава која има доволен број здравствен кадар, затоа пациентите не гледаат доктори, затоа што истите се преуморни, како и дека станува збор за огромно потфрлање од државата.

-Пропусти на државата и непочитување кон докторите, јас како доктор сум преморен, моите колеги приватни специјализанти кои ја работат истата работа, тие имаат нередовно платен хонорар, немаат здравствено, немаат пензиско осигурување, немаат платени дежурства, а се потребни, зошто тие луѓе да не се вработат, за јас да имам право на одмор за неколку дена да се одморам, министерот рече дека уште во јануари дека ќе се вработат 250 сеуште не се вработија, посочи доктор Јакиќ.

Тој посочи дека ова не е голема на колеги, но и те како битна бројка која може да им помогне на пациентите.
-Верувајте ми не постои здравствена институција, посебно Ковид центар кој има доволен капацитет на здравствени кадар, вие да зборувате со пациенти ќе кажат не можам доктор да видам, нема кој чаша вода да ми донесе, сепак тоа е затоа што нема доволно персонал, а да сме го имале искористено максимум потенцијалот па да речеме ете ситуацијата е таква, но тоа е така, вели докторот.

Тој исто така критикуваше дека можеше да се искористи огромен потенцијал од приватни специјализанти, од доктори коишто се на обука за да првенствено пациентите да имаат подобра услуга, да пациентите имаат достапен доктор, и да се одморат веќе преморените доктори за да веќе бидат попродуктивни.

-Ова нема да заврши можеби за месец, два, можеби пандемијата ќе трае уште година, две, затоа мораме да си ги чуваме ресусрсите, затоа што се можете да купите со пари, лекови, апаратура, но спремен доктор не се купува со пари, а ние имаме голем број на доктори кои учат германски, а не ги користиме, тоа според мене е огромно потфрлање на државата, посочи доктор Јукиќ.

-Треба да бидеме почитувани и треба да бидеме платени, како здравствени професионалци, за да имаме причина да останеме во Македонија, почитување треба државата да го овозможи со обезбедување услови, како и да ги плати оние кои работат моментално тоа се приватните специјализанти, порача доктор Јукиќ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts