vesti24.mk
ВЕСТИ

(ДОКУМЕНТИ) СКАНДАЛ: Директорот на болницата во Дебар наместо на вработените бонус и дал на својата сопруга!

ECA

Наместо вработените во Ковид-центарот во Дебар на коишто им следува еднократна наградата, на списокот за бонус плата, директорот на Болницата во Дебар ставил лица кои не работат во болницата.

Ексклузивно до редакцијата на Лидер пристигна информација дека еднократниот бонус од 30.000 кој им следува на сите здравствени работници кои работат со Ковид-пациенти, во Општата Болница Дебар бил доделен на лица коишто воопшто не биле ангажирани во болницата.

Директорот на Општа Болница Дебар, Баки Алили, наводно, во списокот за еднократна награда ги додал својата сопруга Букурије Алили и сопругата на Секретарот (Мерсим Колеци) на ОБ-Дебар – Сихана Колеци, која работи како медицинска сестра кај вакцините, но не е поврзана со работата со коронавирусот.

Лицата вработени во Ковид-центрарот на коишто им следува бонусот од 30 илјади денари, а не биле ставени во списокот за добивање бонус плата се: медицинска сестра во Ковид-центарот Џенета Мифтаровска; Ардит Лутфиу – физиотерапевт кој работи со пациенти во Ковид-центарот; и тројцата лаборанти – Самир Фетовски, Зухра Косовраст, Игор Кировски коишто секојдневно им земаат крв и прават анализи на пациентите со Ковид-19.

Тие наместо 30.000 денари, земале плата од 14.000 денари.

Ќе има ли реакција и одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче за разрешување на директорот кој ја злоупотребил својата функција

извор:курир.мк

Loading...

Related posts