vesti24.mk
ЗАБАВА

Домашен лек против затнати артерии, појава на камен и за зајакнување имунитет: Ги убива сите инфекции во телото!

ECA

Ова е одличен природен рецепт за лекување и превенција на затнати артерии. Исто така, добар е за регулирање покачени маснотии во крвта, за спречување општ замор на организмот, за спречување и лекување инфекции и настинки, за интензивно зајакнување на имунитетот, за прочистување на црниот дроб и за подобрување на ензимите на црниот дроб.

Овој природен лек ја спречува појавата на слободни радикали во организмот, кои предизвикуваат тешки болести и низа други состојби поврзани со болести на срцето и на крвотокот.

Состојки:
4 цели големи главици лук
4 лимони со кора
помал корен од ѓумбир (3-4 см)
2 л чиста вода
Приготвување:
Добро измијте го лимонот, па исечете го на парчиња. Доколку станува збор за лимон кој не е органски, односно доколку е прскан, тогаш третирајте го со мешавина на оцет и вода. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете го во блендер.

Направете соединета смеса од тоа со помош на бледерот. Така изматената смеса сипете ја во метален сад, прелејте ја со две литри вода и загрејте ја до точка на вриење. Пред да зоврие смесата, исклучете ја ринглата и оставете го сети тоа добро да се олади.

Исцедете ја низ средно густа цедалка и сипете ја во стаклена шишиња.

Оваа лековите напивка се пие секој ден по една чаша од 2 дл, најмалку 2 часа пред јадење, односно на потполно празен желудник. Напивката чувајте ја во фрижидер.

Периодот на лекување трае 3 недели со секојдневно консумирање по една чаша, по што треба да направите пауза од една недела и потоа можете повторно да продолжите со консумирање во истиот циклус. Доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете мед. По 3 недели користење би требало да почувствувате значајна регенерација на телото.

Напивката освен за наведените благодети, особено корисна е за спречување калцификација во телото, која предизвикува каменчиња во органите и затнување на крвните садови.

Комбинацијата на лимон, вода и варење го неутрализира мирисот на лукот. Пред секое консумирање, протресете го шишето со овој домашен лек за талогот од лимон и лук на дното да се помеша со сокот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts