vesti24.mk
ВЕСТИ

Државата набавила 392 возила во последните три години, секое возило имало средна цена од 17 илјади евра

ECA

Во „10МИНУТИ“ на ТВ21 гостуваше Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Центарот правел истражувања за набавени возила од страна на државните институции.

За нови возила за само две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра. Купени се 392 возила по средна цена од 17.000 евра за возило или вкупно нешто над 8 милиони евра биле потрошени од страна на државните институции.

„Набавени биле 392 возила вкупно, и вредноста е 8 милиони и 130 илјади евра. Бидејќи просечната цена нема да го даде точниот резултат, средната цена е 17 илјади евра од возило“, вели Герман Филков.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts