vesti24.mk
ВЕСТИ

ДУИ се откажала од премиер, но ќе го добие МВР и веројатно технички премиер 100 дена?

ECA

ДУИ се откажала од премиерското место, но ќе го добие Министерството за внатрешни работи и можеби технички премиер пред избори , дознава агенцијата ИНА од извор близок до лидерот на СДСМ Зоран Заев. Изворот, меѓутоа, вели дека сѐ уште не може да се каже со целосна сигруност дали СДСМ ќе ја предводи Владата во текот на целиот мандат.

– Она што е познато е дека Зоран Заев како победник на изборите ќе има целосен мандат како премиер. Како компромис, ДУИ се согласи да го води Министерството за внатрешни работи и другите важни министерства, така што ДУИ ќе има поголема моќ во новата влада. Можеби е прифатливо техничкиот премиер 100 дена пред избори да биде од ДУИ. Но, сѐ уште не можеме да кажеме дали СДСМ ќе ја предводи Владата во текот на целиот мандат – изјавил изворот за агенцијата.

За утре е најавена нова средба на лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети кога треба да падне конечен договор. Дел од медиумите веќе најавија дека паднал договор за новата влада и дека веќе за среда се закажани седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts