vesti24.mk
ВЕСТИ

Д-р Пановски: Подобро да ги затворат плажите, во Охрид никој не носи маска освен келнерите

ECA

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

-Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска,вели д-р Пановски.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

-Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно, е оценката на професорот.

Тој укажува дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts