vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Еве што ви носи хороскопот на само еден ден пред денот на вљубените- особено овој знак да внимава на една работа

ECA

Овен

Добро сте расположени и сакате да ја раширите добрата атмосфера на работа. Ве чека убав работен ден. Денес ако започнувате нова врска, таа ќе биде долготрајна и многу значајна. Ако сте во врска, партнерот ви дава малку внимание, тоа многу ви пречи. Ќе бидете понапнати од вообичаено и склони сте кон нагли и непромислени одлуки.

Бик

Денеска во целост ќе бидете ориентирани на еротика. Така ќе успеете да ги надминете сите проблеми во односите со партнерот. Помирно ќе ги прифаќате сугестиите од другите, зашто се засилува вашата доверба во нив. Подготвени сте на соработка. Веројатно ќе бидете сведок на една кавга меѓу вашите шефови и соработниците.

Близнаци

Одличен ден за подобрување на финансиската состојба. Некои ќе добијат пари што долго ги очекувале. Некои заминуваат на деловен пат на кој ги чека пријатна средба и уживање во работата. Ќе биде подобро од очекуваното. Соработката со другите добро ќе се развива доколку успеете да утврдите кој е кој во одредена ситуација.

Рак

Ставете граница до каде може некој да ви се меша. Семејните средби ќе ви помогнат да си ги наполните батериите. Ослободувајте се од стресот со рекреативни активности. На љубовно поле потрудете се да избегнете недоразбирања. Се форсирате да завршите што порано и да тргнете на викенд бегство.

Лав

Се обидувате да привлечете што повеќе внимание, во што ќе бидете многу успешни, благодарение на вашиот шарм. Но, постојат луѓе околу вас кои не ви одговараат на некој начин, и затоа вашата потрага по вистинскиот сè уште не е завршена. Лицата со кои сте се сретнале ви пружаат само попатна возбуда, тоа не ви е доволно.

Девица

Состојбата на вашиот ум и мисли е под влијание на луѓето колку вас. Стапете во контакт со оној што ви се допаѓа, останатото ќе биде магија! Влегувате во период на страста и романсата, На сите полиња ќе ја покажете неодоливата страна од вашиот карактер. Луѓето ќе ве обожаваат, па ова е совршен период за да привлечете внимание..

Вага

Време е за менување на оние навики кои отсекогаш ве иритираа, но тврдевте дека не можете да ги промените. Не само што ќе можете, туку и ќе направите сè со леснотија. Можно е да заработите пари на сосема неочекуван начин. Доволно е само да бидете поамбициозни и да не се сомневате во сопствените способности и идеи.

Скорпија

Овој ден е за трошење, така што постои можност да позајмите пари на блиска личност, но не сметајте дека наскоро ќе ви бидат вратени. Оние кои се во врска ќе бидат во искушение да изневерат, но тие ќе се повлечат во последен момент. Досега одржувавте добро здравје, затоа продолжете да го правите тоа и во иднина.

Стрелец

Ќе бидете поврзани со чувствителна, толерантна и страсна личност на која можете да се потпрете. Ако сте сингл и од оние луѓе кои сакаат да флертуваат на јавни места и собири, ќе имате можност да го испробате својот шарм, но со опасност безопасниот флерт да се претвори во нешто многу посериозно, што не можете да го контролирате.

Јарец

На професионално поле, незадоволните од работата, ќе се засилат за да ги менуваат работите, па некои ќе одат дотолку далеку – ќе сакаат да ја сменат и професијата. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро На љубовно поле, пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.

Водолија

Од сите страни ќе добивате прекрасни понуди. Ве очекува многу возбудлив ден, особено ако сте од оние луѓе кои не сакаат многу да си го комплицираат животот и за кои љубовта имаат мото – колку што е поедноставна, толку е и поубава. Ако сте се скарале со партнерот, ќе бидете подготвени да преболите многу работи и да му дадете уште една шанса.

Риби

Сега се вашите пет минути. Работите ќе се развиваат на љубовен план, но со исто темпо и ќе исчезнуваат ако не бидете внимателни. Добар период за инвестиции. А може и подновување – некоја недвижност. Не надевајте се дека прекинувањето на контактите со некои личности нема да доведе до прекин на односите од кои имате потреба.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts