vesti24.mk
ВЕСТИ

Еден месец неподвижен скопјанец е оставен гладен и жеден, се дави во своите фекалии

ECA

Скопјанец кој живее на улица „Паризански одреди„, бр 1716/2-34 околу еден месец е оставен сам на себе, неподвижен и не може да се грижи за себе. Оваа страшна приказна со неговите фејсбук пријатели ја сподели неговиот сосед, Павле Славковски, кој јавно ги повикува институциите да преземат нешто.

Нема блиски роднини во Скопје, само една братучетка од Јосифово која повремено доаѓаше на неколку дена и се грижеше за него додека не се откажа дефинитивно минатиот петок. Човекот буквално ги вдишува своите фекалии и веројатно е гладен и жеден. Не е можно да се влезе во неговиот стан заради одвратната миризба“, пишува Славковски на Фејсбук.

Тој вели дека се известени сите надлежни институции, кои дошле на лице место, ама без никаков ефект.

„Се обидов пред малку да стапам во контакт со некои од поголемите телевизиски куќи ама не креваат слушалка. Ги замолувам моите фб-пријатели да го споделат ова со надеж дека ќе проработи нечија совест и ќе се најде некој надлежен да реагира затоа што никој не заслужува така мизерно да го заврши својот живот, повикува Славковски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts