vesti24.mk
ВЕСТИ

Едно лице убиено во тепачка во Прилеп

ECA

Едно лице го загубило животот во тепачка што се случила во Прилеп помеѓу две групи. При интервенцијата полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата да продолжат да се тепаат. Причината за пресметката засега не е позната.

Според информациите на МВР, вчера 20.38 часот во полиција било пријавено дека во населба Тризла во Прилеп настанала тепачка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts