vesti24.mk
ЗАБАВА

Едно од ретките места во светот без коронавирус, ги забележа првите два случаи

ECA

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде немаше коронавирус, ги забележа првите два позитивни случаи на Ковид-19, пишува Би-Би-Си.

Владата на овој пацифички апхипелаг објави дека двајца работници од САД се позитивни на коронавирус откако стигнале од Хаваи во вторникот.

Парот допатувал со воен лет и од моментот кога се дознало дека се позитивни на коронавирусот се сместени во карантин, а двајцата немале никакви симптоми.

Инаку, Маршалските острови ги затворија границите уште во март за да спречат вирусот да ги погоди и нив. Властите нагласија дека заразениот пар спаѓа во „строго гранични слуачи“, а 35 годишната жена и мажот на возраст од 46 години се изолирани без опасност за натамошно ширење на вирусот во заедницата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts