vesti24.mk
ВЕСТИ

Експертите за трагедијата во Бугарија: Тоа не е сообраќајна несреќа, тоа е национална катастрофа

ECA

Напорите за истрага на надлежните во Бугарија и Македонија течат, но факт е дека треба малку подетално и потемелно да се истражи и јасни се во врска со настанот, да се видат сите факти, материјални траги и докази, како и персонални сведочења, рече Борис Мурговски од Факултет за безбедност во Скопје.

Оттука, според него, сето ова треба да се одвива посистематизирано и да се интензивира целата истрага.

– Мора да се расчистат дилемите и мистериите. Целта е до крај темелно истражување и тоа во функција на разјаснување на случајот, вели Мурговски.

Во емисијата гостуваше и професор Зоран Јошевски од Техничкиот факултет во Битола.

– Ова што се случи во Бугарија е национална катастрофа и не може да ја гледаме само како сообраќајна незгода, рече Зоран Јошевски од Технички факултет во Битола на гостувањето на телевизија 24.

Според него несериозно е трет ден од катастрофата да се утврдува колку патници били во автобусот, зарем три дена требаат да се истаржи колку патници имало.

– Малку е ова поигрување и со судбината и со јавноста. Несериозно е трет ден од катастрофата да не се знае ваков податок, вели Јошевски.

Според него и по Ласкарци ние како да не сакаме да учиме од грешките.

– Тоа беше случај кој се случи во Македонија, а ова во соседна Бугарија, превозникот има лиценца, но возилото кое беше учесник немало извод за лиценца, значи било додадено, но диво. Се е чудно во врска со ова. Мора да превенираме не смееме да се случат вакви пропусти, рече Јошевски.

Директорката на Царинската управа Славица Кутиров која исто беше дел од емисијата рече дека има индиции за фалисфикат документи.

– Дали бил валиден приложениот документ не знаат, зошто не чуваат копија од тој документ, а имаат информации за различни бројчиња на кои се евидентирани од царинските службеници за тој документ. Има некакви индиции, тоа секако истрагата ќе го покаже, а истрагата треба да покаже дали тие документи што биле приложувани од превозникот и возачот се валидни или истечени, рече рече Кутиров.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts