vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Експертите советуваат: 4 љубовни проблеми кои не треба да ги споделувате со пријателите

ECA

Многумина од нас имаат потреба да им ги кажат своите проблеми на пријателите, но сепак експертите советуваат дека овие работи не треба да ги споделувате со никого.

Без оглед на тоа каква природа има проблемот, се чувствуваме подобро кога ќе го кажеме пред оние коишто нè разбираат, а најчесто со пријателите разговараме за љубовните проблеми.

Меѓутоа, експертите сметаат дека некои детали од врската сепак не треба да ги споделуваме со останатите.

1. Кавга со семејството на вашиот партнер

Сите понекогаш имаме некаква замерка на однесувањето на семејството од нашиот партнер, но таквите замерки сепак треба да ги задржиме за себе. На луѓето во природа им е да заземат став кога станува збор за нивното семејство, но вие никогаш не може да знаете дали коментарот којшто сте му го кажале некому ќе стигне до вашиот партнер или неговото семејство и ќе предизвика конфликт.

2. Сексуалните фантазии на партнерот

Фантазиите треба да претставуваат тајна поради тоа што станува збор за најинтимниот дел од вашиот сексуален живот. Понекогаш на партнерите потребни им се повеќе години за меѓусебно да си ги кажат сексуалните фантазии, а потоа тие очекуваат тоа да остане нивна заедничка тајна.

3. Приватни информации

„Те молам ова да остане меѓу нас“, е реченицата која што сите нè обврзува на чувањето тајни. Без оглед на тоа за што станува збор, доколку партнерот ве замоли за дискреција, тогаш сте должни да ја испочитувате неговата желба.

4. Лична непријатност

Коментарите за лошиот здив или пак непријатен мирис на нозете – задржете ги за себе. Поточно, на пристоен начин кажете му на партнерот што ви пречи поради тоа што тоа треба да го слушне само тој, а не и вашите пријатели.

Станува збор за проблеми коишто можат да се решат и нема потреба за создавање непријатни ситуации, особено доколку станува збор за работи поради кои вашиот партнер се чувствува непријатно.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts