vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Електричен гумен скутер што може да се спакува во ранец (ВИДЕО)

ECA

Електричен и гумен скутер толку мал што може да се спакува во ранец беше претставен во Јапонија.

„Поимо“ е направен на Универзитетот во Токио и може да се оспособи за една минута со помош на електрична пумпа.

Креаторите сакаа да направат возило што ќе ги намали можните повреди во сообраќајот.

Сепак, експертите велат дека е потребна официјална потврда дека ова возило е безбедно пред да се пушти во сообраќај.

Поемо има пет цврсти компоненти што се одвојуваат.

-две тркала

-електричен мотор

-батерија

-волан со вграден безжичен контролер

Главно е направен од термопластичен полиуретан (TPU) кој се користи при производство на воздушни легла.

Тежината на возилото е околу 5,5 килограми.

Истражувачите се надеваат дека следните прототипи ќе бидат помали.

-Веруваме дека заради можноста за пумпање, различеоод постојниот систем на мобилност, создаваме нова врска со луѓето и придонесуваме за градовите во иднина, рече Рима Нијама, член на тимот од Универзитетот во Токио.

Сепак, електричните скутери во моментот се забранети на британските улици.
Можно е оваа мерка да се промени следниот месец, бидејќи владата размислува за нивна легализација.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts