vesti24.mk
ВЕСТИ

Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри

ECA

Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри.

-Сите заинтересирани можат да достават мостри за оценување на нивното младо вино, произведено од грозје од годинешнава реколта, до 29 ноември. Дегустацијата и оценувањето на младо вино годинава ќе се одржи на 1 и 2 декември во Кавадарци, информираа денеска од Здружението на македонски енолози винари, со седиште во Кавадарци.

Мостри може да се доставуваат во Неготино, Кавадарци и во Скопје. Треба да има достава на две шишиња по мостра, податоци за производителот, сорта на грозјето од кое е направено виното и телефонски број за контакт. За секоја мостра треба да се уплати по 300 денари на жиро сметка на Здружението.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts